Лидија Морли (23), која осум пати била заразена со Ковид-19, вели дека болеста оставила големо влијание и дека ја изгубила косата, пренесува нова.рс.
Лидија за „Метро“ изјавила дека нејзините родители во јануари забележале круг на нејзината глава каде што останала без косата. Како што одминувале месеците, коса имала се помалку и на крајот целосно ја немало.
По преглед кај општ лекар и била констатирана алопеција ареата. Болеста се јавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата, предизвикувајќи нивно опаѓање.
Лидија, која првпат се разболела од коронавирус во 2020 година, рече дека долгиот ковид можеби е одговорен за нејзиното опаѓање на косата, но дека после тоа го добила уште шест пати.
Во рок од пет месеци откако и беше дијагностицирана алопеција, Лидија изгуби 80% од косата.
„Во ноември минатата година мислев дека косата ми се проретчува, имав навистина долга густа коса. Секогаш кога ја чешлав косата под туш, завршував со купчиња коса во раката. На почетокот на јануари подготвував ручек кога татко ми забележа дека имам круг на главата. Кога првпат отидов на лекар мислеа дека е стрес, но јас не сум под стрес. Од 2020 година до сега, осум пати ја поминав короната“, рече Лидија.
Научниците откриле дека околу две од 10 лица со Ковид развиваат привремено губење на косата, обично неколку месеци по закрепнувањето.