„Бендот на браќата Нуне“ е еден од најбараните, кога станува збор за семејните веселби. Дека тоа е така потврдуваат и дел од сватовите кои биле на свадба во Кочани, на која свирел овој бенд.
Тие велат дека овој бенд направил невидена забава, а доказ за тоа е што задоволните гости ги накитиле со пари, па со право може да се каже дека тие повеќе пари земале од бакшиш отколку што биле платени за веселбата.
Дека „Бендот на браќа Нуне“ го заслужува епитетот најдобри покажува и фактот, што тие, заедно со останатите членови и пејачката Мими Јовановска, која настапува со нив пеат и свират музика од сите жанрови- забано, народно, етно, свират дури и зурли и тапани, нешто што стана традиција на сите свадби.
Гостите велат дека од почеток до крај се играло, се пеело, а оторо немало крај. Дека се презадоволни од свадбата покажале и младенците Ана и Игор, кои како љубители на традиционалната музика и фолклор ангажирале фолклорна група, која настапила на почетокот на свадбата.
И додека бендот ги прошетал гостите низ разни музички стилови, Мими ги пеела нивните најомилени песни.
Филип и Раде потврдија дека била ептен добра и весела свадба, но не сакаат да зборуваат за тоа колкав бакшиш земале. Велат дека најважно од се е дека и организаторите и младенците Ана и Игор и гостите биле задоволни, а секако и тие.
„Бендот на браќата Нуне“ веќе подолго е на естрада и реди само успеси. Трудот што го вложија Филип и Раде, а секако со нив и пејачката Мими Јовановска, веќе се исплати, станаа свои и препознатливи. И најважно од сѐ квалитетни.