Шпанската полиција соопшти дека уапсила пет лица за измама на две жени. Осомничените преку Интернет и пораки на апликацијата WhatsApp се претставиле како холивудскиот актер Бред Пит и им одзеле 325.000 евра .
Групата остварила контакт со жените на веб-страница посветена на обожавателите на холивудскиот актер, а потоа ги убедила дека имаат „сентиментална врска со него“.
Потоа на „жртвите“ им предложиле да инвестираат во разни проекти кои не постојат.
На едната жена, која потекнува од Андалузија, и биле измамени 175.000 евра, додека на другата од Баскија 150.000 евра.
„Сајбер-криминалците ги проучувале социјалните мрежи на жртвите и ги креирале нивните психолошки профили. Откриле дека станува збор за ранливи луѓе на кои им недостигало внимание и страдале од депресија. Тие, исто така, користеле платформи за размена на пораки и е-пошта додека не поверувале дека разговараат со Пит. Измамниците им ветиле романтична врска и заедничка иднина со Пит“, се вели во соопштението на полицијата.
Пет лица се уапсени во Андалузија при рации во пет куќи, одземени се мобилни телефони, банкарски картички и два компјутера, како и „дневникот“ за измама што го користеле.
Полицијата открила 85.000 евра од сумата што со измама им била одземена на жените, пренесува радио Сарајево.