Илон Маск негира дека е во романтична врска со италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако ја пофали на доделувањето на награди во Њујорк.
Маск, кој присуствуваше на церемонијата со својата мајка, ова го напиша на платформата Икс:
„Нема никаква романтична врска со премиерката Мелони“. Објавата, Маск ја збогати со фотографија на која двајцата разговараат на гала вечера.
Маск ѝ ја додели наградата Глобален граѓанин на Мелони и ја опиша како „некој што е уште поубав внатре отколку надвор“ и како „искрена, автентична и промислена“.
Мелони возврати со пофалби, а Маск и неговата мајка ѝ аплаудираа по нејзиниот говор за западните вредности.