Возачот на заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, како и внукот на возачот, вчеравечер биле приведени во полициска станица во Тетово затоа што се расправале со полицијата и ги спречувале да ја си вршат работата, објави „Сител“.
Полицајците, јави Сител, го запреле внукот, кој се јавил да ургира кај возачот.
МВР денеска соопшти дека двајцата ја попречиле работата на полицајците и им ја загрозиле безбедноста, поради што биле приведени, заедно со уште едно лице.
„На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствија ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и прoтив нив ќе следува соодветен поднесок“, соопшти денеска полицијата.