По поставените прашања на прес конференцијата која се одржа на 20.09.2024 пред Министерството за социјална политика демографија и млади од страна на лицата со попреченост и нивните персонални асистенти, Коалиција Менуваме, Национален Црвен Крст на Македонија.
По поднесени преставки од лица со попреченост и персоналните асистенти за правна помош до Коалицијата Менуваме, правната комисија констатира дека во месеците 07, 08 и 09 2024 на стотици корисници на персонална асистенција т.е. нега во домот и надвор од домот, не им се исплатени надоместоците за месец 6 и 7 2024 за Скопје, Прилеп и Струмица општини во Македонија,а за 08.2024 не се исплатени надоместоци во ниту една општина во Македонија, реагираат од коалицијата Менуваме. .
Според нив Министерство за социјална политика демографија и млади на 23.09.2024 писмено и со вербална комуникација го извести Давателот на услуга Црвен Крст, цитираме: исплатата за Персоналните асистенти ќе биде извршена во Петок 27.09.2024 кон Црвен Крст.
Затоа, напоменуваат, доколку Министерство за социјална политика демографија и млади на 27.09.2024 не ја изврши исплатата за Персоналните Асистенти заедно со корисниците на конпензационото право од законот за социјална заштита член 76 и 146, Персоналните Асистенти, Коалицијата Менуваме, Црвен Крст и засегнатите страни, Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст на 05.10. 2024 – сабота, излегуваат на протест пред Владата на Република Македонија. Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст ќе се обрати до Кабинетот на Премиерот на Владата на Македонија, канцеларијата на ОН во Земјава и Странство, ОБСЕ, ЕУ и други институции, бидејќи време е за почитување на човековите права реагираат од коалицијата.