Доаѓањето на Виктор Орбан во Охрид ќе го среди сообраќајниот хаос во градот.
-Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка” и улиците „Коста Абраш”, „Цар Самоил” и кеј „Македонија”, информираат од СВР Охрид и додаваат:
– На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска” и „Коста Абраш” ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе”, булеварите „Туристичка” и „Македонски просветители”, улиците „Абас Емин” и „Кирил и Методиј” како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа. Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот, се вели во информацијата од СВР Охрид.