Израелските одбранбени сили (ИДФ) во попладнево објавија дека започнал воздушен напад врз Бејрут, главниот град на Либан, пренесува Н1.
ИД ова го нарече „напад со цел“, наведувајќи дека подоцна ќе открие повеќе детали, пренесува Си-Ен-Ен.
Израелските напади врз Либан се интензивираа во последните денови, а Министерството за здравство на Либан во вторникот објави дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе, а 1.835 се повредени, што е најсмртоносниот ден во Либан од крајот на граѓанската војна во 1990 година.
The IDF conducted a targeted strike in Beirut. pic.twitter.com/149RluAR4q
— Israel Defense Forces (@IDF) September 24, 2024
Израел претходно објави дека неговите сили во текот на ноќта погодиле десетици цели на Хезболах во јужен Либан, јавува Би-Би-Си.
Во исто време, илјадници луѓе ги напуштаат своите домови во јужен Либан. Авиокомпаниите вклучувајќи ги Катар ервејс, Бритиш ервејс и Луфтханза ги откажаа сите летови до и од регионот.