Помладиот водник во војската на Србија, Милан В.(54) кој во саботата со оклопно борбено возило „Пасарс“ преминал на спротивната лента и буквално прегазил автомобил „форд“ во кој загинале пет лица, од кои три биле деца, сведочеше на рочиштето во обвинителството во Краљево, пишува Информер.
По страшната несреќа во која животот го загубија три мали деца и нивниот татко Данијел Лазовиќ (33), како и нивната сосетка Дијана Кутлачиќ (27) најпрвин е приведен Милан В. Таму во присуство на бранител решил да се брани со молчење.
-По несреќата тој беше во целосен шок и не им кажа ништо на полицајците за страшната несреќа, но потоа накратко разговараше со обвинителот. Тој, меѓу другото, рече дека му се слошило пред сударот и дека после тоа не се сеќава на ништо – изјави извор на Информер запознаен со случајот.
Високиот суд во Краљево му одреди притвор на возачот на оклопното возило
Како што се наведува во соопштението, Обвинителството наредило спроведување истражна постапка против возачот М.Б. од Ниш, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешко дело против безбедноста на јавниот превоз“, јавува Радио Слободна Европа.
„По распитот на осомничениот, а на предлог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Краљево му одреди притвор. Во текот на истрагата ќе бидат сослушани сведоците, наодите и мислењата на лекарите и ќе бидат прибавени сообраќајни вештаци, а ќе бидат преземени и други докази за дејствија за кои се наметнува потреба“, соопштија од Вишото јавно обвинителство.
Во судир на воено и цивилно возило на југозападот на Србија на 21 септември, пет лица загинаа на лице место, меѓу кои три малолетни деца, а едно лице беше тешко повредено.
Судирот се случил околу 13 часот и 10 минути при извршување на редовни задачи во кои борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона се движело кон Рашка.
Мајката, која била совозач, не е сериозно повредена.