На Социјалните мрежи се шири видео во кое патници велат дека за да влезат во ноќниот автобус 2 им било побарано да платат дополнителни 50 денари. Доколку не им плателе, како што тврдат патници на Тик Ток, иако имале слободно карти, тие неможеле да влезат во автобусот. -Кога влеговме имаше човек што буквално беше испружен на врата и не дозволуваше да влеземе. Му рековме дека сме студенти и дека имаме слободни, но тој без 50 денари не не пушташе, вели девојчео, на чија видео снимка се гледа гужвата од граѓани кои сакаат да влезат.
Луѓето, кои според нив им изнудувале по 50 денари, а кои се снимени на видеото им велеле „замисли ти да работиш во еден часот по полноќ“.
Погледнете го видеото:
Сите споделете го видеово да го видат што повеке луѓе ова е одвратно веке што се случува во оваа вукојебина Алоооо!!! pic.twitter.com/QUkL0WXN3O
— Zmicko👽 (@Zmicko1) September 23, 2024
Сведоците од видеото велат дека до постојката кај Градежен била оворена само едната врата, а кога таму виделе дека има многу патници дури тогаш ја отвориле и здната врата.
Во врска со овој скандал ММС се обиде да стапи во контакт со директорот на ЈСП, Драги Кушовски, но тој не одговори на повикот.