Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час, велат и два. Подобро и да не ме извлекоа! Вака низ солзи зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијело Лазовиќ, кој вчера со трите деца и сосетката загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Рашка, пишуваат српските медиуми за сообраќајката која викендов го расплака регионот.
– Бев совозач, сите се изненадени како останав жива. Мајко, има ли Господ?! Нема сигурно кога ги зеде Дана и децата. Што ќе ми е сега животот без нив, сега не ми треба. О, Дано, не се договоривме вака… се договоривме да се подготвиме за славата… Ах, што ќе ми е сега животот без нив“ – заплака мајката која во секунда ги загуби трите деца и сопругот.
Таа во изјава за српски Информер раскажала како дошло до кобната несреќа.
– Тој војник во возилото доаѓаше право кон нас, како да сакаше да не убие. Ако верувате, не се знаеше кога е со сивиот автомобил и кога е тука со нас. Сопругот се обиде да го избегне, но не можеше. Се шеташе на сред улица. Не знам дали заспал или бил пијан, ми ги уби трите деца. Ми го уби целото семејство! Ако има правда, никогаш не треба да излезе од затвор! Проклет да си! Поради пијанството ми го уби целото семејство. Оф, животе, оф деца мои, сестро… Да не даде Господ никому, вели Мирјана.
Се обиделе да и дадат инфузија, но не успеале. Таа има рана на челото, а десната рака и е преврзана.
Мајката на своја одговорност ја напуштила болницата, а вистинско чудо е како преживеала страшна несреќа кога оклопно возило на српската армија го престигнало конвојот и удрило во нивниот „форд“.
Страшната сообраќајна несреќа се случи кај Ушќе кога автомобил се судри со борбено возило ПАСАРС на Војската на Србија. Единствена преживеана од автомобилот е мајката Мирјана Л.(32).
Загинаа и другите членови од нејзиното семејство, нејзиниот сопруг Даниел и трите деца, како и нејзината сосетка Дијана К.(27).
Возачот на оклопното возило имал повеќе од 0,2 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, на М.В. му е одреден притвор.