Попладнево авион на полска национална компанија слета на аеродромот во Подгорица, откако добил дојава за поставена бомба во авионот.
Како што јавуваат тамошните медиуми пилотот на авионот пријавил за дојава за бомба, по што дошло до изолација на авионот и оддалечување од патничкиот терминал.
За среќа, се покажало дека дојавата е лажна, а наводно зад дојавата стоела жена од Полска која сакала да му се одмазди на сопругот, па пријавила дека тој носел бомба.
Бомбата била пријавена нешто пред 17 часот, по што властите на аеродромот во Црна Гора го изолирале авионот и извршиле увид според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Управата на полицијата, аеродромот и другите служби.
„Во текот на летот над Унгарија, членовите на екипажот ги запознале вработените на аеродромот во Варшава дека добиле дојава за бомба во авионот, а потоа членовите на екипажот ја известиле и црногорската полиција по слетувањето на аеродромот во Подгорица“, се вели во соопштението на полицијата на Црна Гора