Маж (78) од Облешево е четвртиот случај на заболен од западно-нилска треска, но е првиот сртен случај, починал една недела по откривање на симптомите, откако бил хоспитализиран на Инфективна, се вели во информиција од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Според информацијата од ИЈЗ, пациентот првите симптоми ги добил пред 10 дена, на 9 овој месец, а тоа биле намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39 степени.
-Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10 септември со возило од Итна медицинска помош е испратен во болницата во Штип, каде што биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен на Клиникатра за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители. Потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС“, информираат ИЈЗ.
ИЈЗ информира дека првиот случај на заразен е регистриран во април, кај жител на општина Василево. Вториот е евидентиран во јули кај жител на Кочани, додека третиот во август кај жител на Тетово.
„Податоците при епидемиолошкото истражување од епидемиолог од ЦЈЗ Кочани се добиени од децата на пациентот. Тој е пензионер, се занимава со земјоделство, татко на 2 деца, вдовец, кој живее во куќа во село Облешево. Според хетероанамнезата пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење (низ РСМ) во периодот на инкубација. Нема други лица од семејството со слични симптоми. Во регионот на Кочани е забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, во регионот на општина Кочани се спроведени активности за ларвицидна и адултицидна терестичка дезинсекција, а во општина Чешиново-Облешево досега не се спроведени активности за дезинсекција“, се вели во информацијата од ИЈЗ.