Новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум, ја одби поканата на украинскиот претседаел Володимир Зеленски да ја посети Украина.
Шејнабаум, прашана дали ќе ја посети Украина, истакна дека надворешната политика на Мексико се заснова на немешање во надворешните работи, како и на мирно решавање на споровите.
-Нашата одговорност е тука. Ќе присуствуваме на некои меѓународни настани што ги сметаме за важни, но нема да патуваме многу. Нашата одговорност е тука, рече Шајнбаум, нагласувајќи дека приоритет на нејзината влада ќе биде решавање на домашните проблеми.Таа посочи дека ќе ја продолжи надворешната политика на нејзиниот претходник, Лопез Обрадор, чиј лајтмотив е немешање во работите на другите земји и поддршка за мирно решавање на каков било конфликт.
Шајнбаум ја потврди посветеноста на Мексико за одржување дипломатски односи со сите земји, освен со Еквадор, каде во април имаше инцидент во мексиканската амбасада што таа го опиша како „газење на суверенитетот“ на нејзината земја.
Клаудија Шејнбаум победи на претседателските избори во Мексико во јуни.
Пред да се кандидира за претседател, Шајнбаум беше градоначалник на Мексико Сити, една од највлијателните политички функции во земјата, која се смета дека го отвора патот за претседателската функција. Овие избори, на кои Шајнбаум ја победи Чочитла Галвез, претставуваат голема пресвртница за жените во Мексико.
Студирала физика, докторирала по енергетика и напишала повеќе од 100 трудови за енергија, како и две книги за енергија, животна средина и одржлив развој.
Инаку, таа во својата кампања пред да биде избрана за претседателка ветуваше дека ќе биде „најхрабриот претседател кој ќе се соочи со криминалот“ доколку биде избрана, но не успеа да соопшти многу детали за тоа како ќе се справи со моќните криминални картели кои стојат за поголемиот дел од насилството.