Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој беше уапсен во Хрватска.
„Човек кој е мој политички противник , основач на движењето „Слободни граѓани“, но и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, беше уапсен и никој не разбра доволно и добро зошто“, рече Вучиќ.
Тој им се обрати и на хрватските власти и апелираше да постапат рационално и што поскоро да го ослободат Сергеј Трифуновиќ.
„И, апелирам до хрватските власти да разберат дека затворањето на Србите не води кон создавање подобри односи и не сакам да изговарам груби зборови и квалификации како што кажаа тие за Србија, поради задржувањето од десет минути, но само барам од нив да се однесуваат рационално и што побрзо да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, рече претседателот на Србија.
Тој изјави и дека „пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана однадвор и одвнатре, само затоа што естраден уметник од Хрватска бил задржан десетина минути на граничниот премин“.
„Не беше приведена, не беше уапсена, не беше малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога на адвокатот Бериќ од Белград му беше одреден 15-дневен притвор, само поради некоја песна објавена на неговиот личен Фејсбук профил“, рече Вучиќ, алудирајќи на приведувањето на хрватската пејачка Северина на граничниот премин Батровци.
Видеото може да го погледнете на следниов ЛИНК.