Познатата пејачка Маја Оџаклијевска (70) пред неколку години откри дека живее со 33 илјади динари (15.000 денари) месечно, пренесува блиц.рс.
Среќата потоа и се насмевна кога доби национална пензија. Тогаш, како што истакна, била еуфорична, па покрај 33.000 динари, на сметка секој месец, Маја добива и 64.730 динари (32.000 денари) како редовна пензија, т.н. националната пензија.
Маја долго време живее во околината на Велика Плана, каде што се преселила од Белград затоа што сакала да му помогне на својот внук Лука, на кој му бил дијагностициран аутизам.
-Мојот животен сон беше да имам куќа во цвеќе, буквално куќа. Никогаш не би сакала да имам куќа, трикатна вила или замок. Сега во овие години е подобро и полесно да се исчисти мала квадратура. Презадоволна сум – изјавила Маја во шоуто на Тања Петернек.
Така Маја зградите на Врачар ги заменила со птици што црцорат и зеленило. Живее на село, има градина што ја негува, а има и домати кои не се прскани бидејќи се заштитени со копривите што растат таму.
Пејачката внимавала на секој детаљ, куќата е опкружена со растенија, а омиленото катче и е терасата од која се нуди прекрасен поглед на природата и од која пејачката сака да го испие првото утринско кафе токму таму.