Сопругот на српската пејачка Александра Тадиќ Ципка, Небојша Стојиќевиќ, познат како Јарин, ненадејно почина на 16 мај годинава.
Како што прво напиша Информер, Јарин починал како последица на срцев удар, а Ципка го пронашла мртов во нивниот семеен стан.
Неколку месеци по трагичната смрт на партнерот, Александра му подигна споменик на сопругот, а ги изненади сите со тоа што до него си купи гробница за себе.
На споменикот што е поставен на гробот на починатиот сопруг, на централно место се нивните презимиња Тадиќ и Стојиќевиќ, а лево од името и фотографијата на починатиот Небојша се нејзината слика и име.
Александра и сопругот беа озборувани поради нивната разлика во години, Александра има само 29 години, додека нејзиниот сопруг почлина на 53 години. Но, таа на сите им одговараше дека ова е љубов која ретко се случува.