Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави хит видео на Твитер со кое го најави утрешниот егзибициски меч со Григор Димитров во Софија.
Тој се сними пеејќи ја „Луда по тебе“ во изведба на бугарската пејачка Камелија, преработка од Лепа Брена, на бугарски јазик и видеото го објави на социјалните мрежи.
Новак порача дека е спремен за дуелот со Димитров, кој ќе биде прв во кариерата на Ѓоковиќ во Бугарија. Егзибицискиот меч е дел од промоција на фондацијата на бугарскиот тенисер. Натпреварот ќе се одигра во „Софија арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта.
Билетите беа пуштени во продажба во август и целиот капацитет на „Софија арена“ беше распродаден за осум минути.