Џенис Џоплин почина во 1970 година на 27 години, а оттогаш неколку пати беа објавувани информации дека ќе се снима биографски филм за легендарната пејачка која во времето ја нарекуваа кралица на блузот кој до ден денеска не се случи.
Сега слична информација повторно објавуваат американските медиуми, но се смета дека овој пат таа е сериозна и дека актерката Шејлин Вудли ќе го продуцира филмот со Tower Hill Entertainment. Таа веќе, добила 2,49 милиони долари од Филмската комисија на Калифорнија за да го сними филмот, пишува НМЕ.
„Калифорнија ѝ значеше толку многу на Џенис Џоплин – од столбовите на Сан Франциско до дрвените ѕидови на Сансет Саунд, државата стана сцена на која таа го истражуваше не само светот на музиката, туку и светот на целото живо човештво“, објави Вудли во соопштението.
Џенис почина од предозирање. На 4 октомври 1970 година таа требало да сними песна, но била пронајдена мртва во нејзината хотелска соба. Нејзината смрт во 27-та година ја вклучила во „клубот 27“, помеѓу други легендарни уметници кои починале на истата возраст, вклучително Џим Морисон, Џими Хендрикс, Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус.
Се смета за блуз кралица и музички пионер, но и икона на хипи и движењето за женски права во 1960-те години.