Истрагата за двојното убиство во Кратово, што се случи на средината на јуни, е завршена.
Адвокатот Христијан Георгевски вели дека очекува , или крај на септември или почеток на октоври да почне судењето.
-Оваа недела завршува истрагата и се чека да се види обвинителството со каква правна квалификиација ќе настапи, па согласно нивната правна квалификација ќе одговориме соодветно со наша листа на докази и теорија на одбараната, рече Георгиевски.
Според него мајката Вале, која се сомничи за двојното убиство, е пуштена во куќен притвор.
-Прифатен е предлогот на одбраната и мерката пртвор е заменета со куќен протвор која обвинетата го издржува во домот на своите родители. Ние како адвокатска канцеларија имаме редовни контакти со неа и свесни сме дека ни претстои долга правна битка за која се надеваме дека ке извојуваме победа, додаде тој.
Двете малолетни дечиња, кои беа сведоци на убиството се уште се во згрижувачко семејство.
-Дечињта се се уште во згрижувачкото семејство во Кратово и ние во контакт со стручниот тим од ЦСР Кртово правиме максимално напори за одржување на комуникација меѓу децата и мајката и преку соодветна помош од психолои и педагози дечињата да ја надминат траумата, додаде тој.
(В.М.)