Не е изненадување што СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини. Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија.
Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение, по денешната прес конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
-Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат, сметаат од владеачката партија.
Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања додаваат од партијата во денешното соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија манипулира со јавноста.
Доколку тие имаат некаква желба да бидат конструктивни, нека престанат со клеветите и нека се посветат на реалната поддршка на македонските интереси, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.