Зошто смоквата е најздравото овошје на светот: Секое утро на празен стомак изедете по една смоква и ќе видите што ќе се случува
Со причина смоквата се смета за рајско овошје на Медитеранот…
Нејзини лековити делови се плодот, млечниот сок , листот и кората на дрвото. Сувата верзија на смоквата се смета за суперхрана која ни е достапна во текот на целата година, но тешко може да ги надмине сочните плодови кои на нашите простори се одгледуваат илјада години.
Свежата смоква содржи до 80% вода, а со оглед на тоа дека во нутиционистичка смисла смоквата ја стимулира енергијата, најдобро е да се јаде наутро.
Смоквите се одличен извор на калиум кој помага при намалувањето и регулацијата на крвниот притисок. Минералот калиум ни е слабо достапен во храната, а истиот е неопходенза функционирањето на организмот. Голем број на луѓе патат од недостаток на калиум поради зголемен внес на сол во организмот.
Смоквата помага при слабеење
Таа е добар извор на прехранбени влакна кои ни даваат чувство на ситост, па на тој начин помага при губење на кјилограмите. Смоквата во својот состав содржи поголема количина на сварливи и несварливи влакна, отколку другите видови на овошје. Сварливите влакна влијаат и на намалувањето на холестеролот во крвта, а во 100 грама свежи смокви има само 74 калории.
Смоквата го намалува нивото на шеќер во крвта
Листовите од смоква го намалуваат нивото на шеќер во крвта, а тие освен при подготовка на некои јадења, можат да се користат и во подготовка на чаеви. Некои истражувања покажале дека смоквата придонесува во регулирањето на шеќерот кај оние кои страдаат од дијабет тип 1.
Помага за добро расположение
Смоквата содржи голема количина на витамин Б комплекс кој на нашето тело му дава енергија, ја обезбедува еластичноста на кожата и силна мускулатура. Уште една придобивка на витаминиот Б комплекс е тоа дека го подобрува работењето на мозокот, а со самото тоа и концентрацијата и памтењето со што се подобрува целокупното наше расположение. Ако причина за вашето лошо расположение се несоницата или ПМС, смоквата поради големата содржина на магнезиум може да помогне.
Смоквата содржи богатство од витамини и минерали
Високата концентрација на гликоза и фруктоза претставуваат здрава замена за белиот индустриски шеќер. Тие содржат многу железо, фосфор, калциум,калиум, магнезиум, витамин Б6, Е, Ц и витамин А.
Богати се и со бета-каротин и препорачливо е да се јадат смокви неколку дена пред сончање. Смоквата содржи висок процент на вода и природни шеќери и затоа е корисна и кај заздравување од исцрпеност и кај детоксикација.