Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запријанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база поради пад на воен авион. Инцидентот се случил при подготовка на утрешниот аеромитинг по повод 20 години од влезот на Бугарија во НАТО.
Потврдена е смртта на двајцата полити, кои загинаа додека извршуваа тренажен лет одамна планиран. Прилотите оваа задача многупати до сега ја извршувале и денеска учествуваа на генералната проба за утрешното аеро шоу, кое е откажано.
Двајцата пилоти не успеале да се катапултираат.
Загинатите се мајорот Петко Димитров Димитров, роден 1973 година и постариот поручник Венцислав Атанасов Данкин, роден 1996 година. Двајца биле одлични пилоти. Мајор Димитров е еден од најискусните пилоти во базата. Вториот поручник Данкин, млад пилот со многу добри, одлични способности, кој имал големи надежи за базата. Авионот претрпел голем ремонт оваа година.
На теренот се гаси пожарот предизвикан од падот на авионот. Пет противпожарни екипи се испратени во Третата воздухопловна база „Граф Игнатиево“, соопшти прес-центарот на Регионалната дирекција „Противпожарна безбедност и заштита на населението“ во Пловдив.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат густи облаци чад.
Министерството за војна извести дека падот бил воен транспортен авион. Авионот за обука Л-39 се урнал додека изведувал комплексен маневар на екстремно мала висина, јавува БНТ .
Потсетуваме, претходно денеска претседателот Румен Радев како втор пилот учествуваше во показниот лет на борбен авион Ф-16 во воздухопловната база на покана на Военото воздухопловство на САД.
Таму за утре беше планиран ден на летање по повод 20 години од влезот на Бугарија во НАТО и 35 години од усвојувањето на авионот МиГ-29 во служба на бугарското воено воздухопловство.