Средбата зад затворени врати меѓу претседателот на Македонија и Бугарија – Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев во Софија вчера е најавена од кабинетите на двајцата претседатели.
Времето на средбата не беше објавено. Не се планирани изјави за медиумите. Од прес-службата на шефот на бугарската држава прецизираат дека по разговорот ќе дистрибуираат соопштение за медиумите, видео и фотографии.
Во највата на посетата од прес службата на Сиљановска Давкова се потврдува средба со Радев, но не се даваат други детали. Како што веќе најавивме макеоднската претседателка ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко” од Џузепе Верди.
Бугарските медиуми најавуваат дека денешната посета во позадина ги има тензиите меѓу Софија и Скопје во последните месеци. Се очекува двајцата претседатели да разговараат на оваа тема.
Ова ќе биде прва средба на Радев и Силјановска. Двајцата требаше да разговараат во Рим во мај годинава, но средба не се случи.
Бугарскиот претседател Румен Радев последен пат бил во посета на Македонија во јуни 2018 година, на покана на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.