Српските медиуми јавуваат дека интернет страницата која информира за повлечени производи, објави дека компанијата Пепко повлекува уште еден производ, а тоа е ренде со 6 страни од нерѓосувачки челик, модел SKU 60205801.
На веб-страницата на компанијата е наведено дека како резултат на екстерното тестирање е утврдено дека е надмината миграција на метали, со што е прекршена регулативата 1935/2004, додека на веб-страницата на ресорното министерство НЕПРО е наведено дека постои хемиски ризик.
Понатаму се наведува дека на вклучените производи како резултат на испитувањата е откриена зголемена концентрација на метали во производот што може негативно да се одрази врз здравјето на луѓето.