Принцезата од Велс објави емотивна видео порака, во која таа заедно се нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и нивните три деца, принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6) соопшти дека го завршила третманот со хемотерапијата на која беше принудена откако и беше дијагностициран рак.
-Како што летото привршува, не можам да ви кажам колку ми олеснува што мојот третман со хемотерапија заврши. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се промени за миг, и моравме да најдеме начин да се движиме низ овие бурни води и непознат пат.
Патувањето низ ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за оние што ви се најблиски. Понизно ве соочува со сопствените слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа доаѓа и нова перспектива за сè.
Пред сè, овој пат ме потсети мене и Вилијам да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот што многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно да сакаме и да бидеме сакани.
Мојот фокус сега е да направам се што можам за да останам здрава. Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го земам секој ден како што доаѓа.
Сепак, со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да направам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци, кога ќе можам.
И покрај сè што помина, влегувам во оваа нова фаза на закрепнување со обновено чувство на надеж и благодарност за животот.
Вилијам и јас сме многу благодарни за поддршката што ја добивме и земаме голема сила од сите што ни помагаат во овој момент. Сечија љубезност, емпатија и сочувство беа навистина трогателни, вели Кејт во видео пораката.
Принцезата од Велс беше отсутна од јавниот живот во текот на 2024 година. По извршената планирана операција на абдоменот во јануари, Кејт во емотивна видео порака на 22 март објави дека и е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија.