За време на последната вечер од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, синоќа, приведени биле неколку лица за нарушување на јавниот ред и мир.
„Во 23:40 часот, полициски службеници ги привеле Б.Ј., 34-годишно лице од Велес и К.С., на возраст од 27 години од Кавадарци, затоа што на ул.Борис Кидрич го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Рано изутринава, во 02.50 часот, полициски службеници ги привеле М.Р., 18-годишно лице и Л.Р., на возраст од 19 години, двајцата од Прилеп, затоа што на градскиот плоштад во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со кршење на предмети и агресивно однесување кон други присутни лица.
Приведен бил и Г.П., 36-годишник од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, додека преземале службени дејствија.
По документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СВР Велес.