Лејди Гага е во врска со претприемачот Мајкл Полански од 2019 година. Тој дипломирал на Универзитетот Харвард. Полански беше вклучен во добротворни проекти на Групацијата Паркер, која беше создадена од Шон Паркер, ко-основач на Фејсбук.
На 4 септември, Лејди Гага присуствуваше на премиерата на филмот „Џокер: Лудило за двајца“, што се одржа во рамките на Венецискиот филмски фестивал, пишува Дејли Мејл.
Поп-пејачката, која ја одигра една од главните улоги во филмот, во јавноста се појави со својот вереник, бизнисменот Мајкл Полански.
Актерката им позираше на фотографите покажувајќи го огромниот веренички прстен, кој беше обложен со дијамант од осум карати. Според новинарите, цената на прстенот е околу 578 илјади долари.
Во април, пејачката ги поттикна гласините за свршувачка. Ѕвездата беше уловена од папараците додека се шеташе, а новинарите забележале дијамантски прстен на прстот на поп пејачката. Лејди Гага на крајот на јули ги потврди озборувањата. Подоцна се дозна дека пејачката и бизнисменот сакаат да склучат брачен договор.