Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.П.(67) од село Будинарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 05.08.2024 во Будинарци, беровско, откако пријавениот го забележал детето како со камења фрла кон неговото куче, со тврд предмет го удрил по главата.