Извонредно тешкото и напорно лето за пожарникарите, кога беа принудени со денови непрекинато да се борат со огнената стихија, како да нема крај, откако распламтеа големи пожари во делови од државата. Струмичките пожарникари се ангажирани и помагаат на колегите, секаде каде е потребна помош, што како ангажман им е признато од заедницата.
Нивното залагање го препозна и Општината Струмица. За сите струмички пожарникари општината со одлука на Советот обезбеди финансиска награда, а ќе можат да користат и други поволности
-Покрај тоа што во повеќе наврати нашите пожарникари добија финансиска награда како една просечна плата па сега и финансиска награда од 10.000 денари , неизмерната почит и благодарност кон нив, заедно со членовите на Советот, ја надополнивме со одуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните приватни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица. Со отпочнувањето на новиот електричен градски превоз нашите пожарникари ќе можат да го користат бесплатно. Тоа е најмалку што можам да направам. Вака се грижат одговорните градоначалници за службите и граѓаните. Во името на цела Струмица ви благодарам, им порача на пожарникарите градоначалникот Костадин Костадинов.