Поранешната ѕвезда на најгледаното музичко шоу на Балканот Џејла Рамовиќ во Хрватска доживеала нешто што на никој пејач не му го посакува – имала закажан концерт во Омиш, но тој бил откажан на пет минути пред почетокот.
Како што пишува „ Слободна Далмација“, пред почетокот на концертот полицијата направила контрола во барот во кој требало да пее Џејла и констатирала дека сопственикот ги нема потребните дозволи за да може да го организира музичкиот настан.
– Полициските службеници, врз основа на јавна расправа дека ќе се одржи концерт на странски државјанин за кој постои сомневање дека немал претходна работна дозвола или потврда за работа, ги извршиле потребните разговори со одговорното лице и го известиле организаторот на постапката дека е потребно да се побара потребното одобрение и потврда за регистрација на трудот при вработување на државјани на трети земји и да се известат за правните последици доколку навремено не ги добијат потребните дозволи. Значи, во конкретниот случај полициските службеници ги презеле потребните мерки и дејствија за да се спречи прекршувањето на законот, а немало потреба од преземање дополнителни мерки и дејствија во надлежност на полицијата – изјавиле од сплитската полиција за „ Далмација данас“.