Националната забрана за мобилни телефони во училиштата ширум Холандија веќе стапи на сила. Претходно мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега со почетокот на новата учебна година оваа мерка е проширена и за основните училишта.
Министерството за образование во Ха наведе дека мобилните телефони им го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната концентрација, а тоа штетно влијае на учењето. Телефоните сепак и понатаму ќе може да се користат на часовите доколку се неопходни з содржините на чсовите. На учениците ќе им биде дозволено да ги користат мобилните телефони и ако тоа им е потребно од здравствени причини.
„Во училиштата во кои мобилните телефони се забранети дури и за време на одморите, атмосферата се поправа“, пренесоа медиумите.
„На паузите учениците веќе почесто разговараат едни со други“, рече истражувачот Лое Пауелс од Универзитетот Радбауд во Нијмеген.
Забраната на мобилните телефони во училиштата стана предмет на контроверзни дебати во Холандија.
Но истовремено, многу родители тврдеа дека децата кои одат во основно училиште не би требало да имаат паметни телефони, токму поради зависноста од социјални мрежи.
Грција и Италија исто така воведоа забрани за мобилни телефони во училниците, додека Германија веќе некое време размислува за ваквиот потег.
Препорака за ограничена употреба на телефоните и во училиштата неодамна во една своја студија даде и Организацијата за економска соработка и развој.
Извор: n1info.rs