Околу 25 лица се јавиле на Инфективното одделение во кумановската болница во текот на една недела поради труење со храна. Труењата се случиле на две прослави во Куманово, јавува порталот 24 Инфо.
Како што пишува 24 инфо, лекарите велат дека и во двата случаи симптомите се јавиле многу брзо, се манифестирале со дијареја која нагло започнала, но се завршило без компликации и сериозни последици.
Првите случаи биле пријавени минатата недела од еден угостителски објект, додека вчера се работело за труење на организирана прослава.