МВР информира дека на 31.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 17.20 часот во СВР Скопје, скопјанката Е.П.(61) пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.
Нема сознанија дали станува збор за истиот насилник кој претходно одзел чанта исто така во Аеродром.