Американецот Габриел Кордона се преселил со семејството во Осиек и на ТикТок го сподели своето искуство од хрватската свадба која го изненадила со локалните обичаи.
Габриел го запознал младоженецот пред година и пол преку ТикТок., пренесува курир.рс
“Нашите слични верувања брзо нè зближија и станавме пријатели. Младоженецот сакаше да се крсти, па дојде од Осиек во Дубровник да се крсти во Јадранското Море. Тоа беше незаборавно искуство”, се сеќава Габриел.
@cardonas2croatia #croatia #balkan #europe #dubrovnik #split #zagreb #slavonia #osijek #mediterranean #župadubrovačka @CastodianeX ♬ original sound – Car2Cro
Недолго потоа, младоженецот го замоли да го води неговото венчавање. Габриел веќе имал искуство да води свадби во САД, но и во Дубровник, каде ја водел церемонијата на американски пар во палатата Спонза. Често гледал балкански свадбени поворки во Дубровник, со автомобили кои свират и им фрлаат бонбони на децата по улиците и размислувал како би сакал да биде дел од таква прослава.
„Не очекував дека мојата прва хрватска свадба ќе биде токму таква“, вели тој.
На американските свадби, според него, сè се случува во низа: церемонијата, коктели, мезе, вечера, а потоа забавата, пишува вечерњи.хр.
„Бев изненаден кога на хрватската свадба веќе пиевме и јадевме час или два пред церемонијата“, истакна тој. По церемонијата, тој учествувал во свадбената поворка, искуство за кое претходно сонувал додека ја гледал во Дубровник.
-По церемонијата, сите се собраа на дочек со жива музика, каде што беше послужена вечера околу 21 часот. Јадевме супа, салата и огромни количини пилешко, јагнешко и свинско месо. А во 23 часот се служеа колачи – не една, туку десетина различни колачи! Бев воодушевен од разновидноста и количината”, се сеќава Габриел.
Тој забележува и дека американските свадби обично завршуваат до 23 часот, додека на оваа забавата траела многу подолго.
@cardonas2croatia #croatia #balkan #europe #dubrovnik #split #zagreb #slavonia #osijek #mediterranean #župadubrovačka @CastodianeX ♬ original sound – Car2Cro
„Заминавме на полноќ, но прославата штотуку почнуваше и траеше до 7 часот наутро. Во 22 часот веќе бев исцрпен“, признава тој.
Следниот ден беше организиран ручек со остатоци од претходната вечер, кои го потсетија на неговите мексикански корени, каде свадбите и прославите исто така се долги и интензивни.
Бев воодушевен како прославата продолжи ден потоа“, заклучува Габриел.