Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката Жан Митрев е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни 5 милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, приватниот сектор и повратници од странство кои веќе се дел од тимот на Клиниката.
„Горд сум што денеска имаме Клиника којашто е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме да Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница каде сите услуги ги има на едно место”, објави доктор Жан Митрев претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите кои се отворени во рамки на болницата.
Тој потенцираше дека ги отвора вратите за сите доктори кои сакаат да бидат дел од Клиниката и дека „целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата. Имаме се помалку врвни доктори, едниствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга”, истакна Митрев.
Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг систем, нов коронарограф како и врвен микроскоп за изведување на операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE центар за мозочни удари и други состојба, центар за офтамологија во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови.
Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24часовна достапност каде се работи без болка односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (Фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција), Хипербарна комора, Нордлис ласерска платформа 5 во 1. Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф.
За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите. „Имаме соработка со над 30 доктори одјавното здравство, а и дел од тимот стануваат медицински лица – доктори и сестри кои се враќаат од странство за да останат во Македонија.”
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460