Претседателот на Владата на Република Српска, Радован Вишковиќ, и уште две лица денеска се повредени во сообраќајна несреќа на патот во местото Тишча кај Власеница, а никој не е животно загрозен, потврдија од Полициската управа Зворник, пренесува Klix.ba.
Повредените лица се упатени во надлежните здравствени установи.
Во несреќата учествувале два патнички автомобили.
Сообраќајот на тоа место е прекинат поради увидот.