Полската влада на премиерот Доналд Туск потврди дека пред крајот на неговиот мандат во 2027 година ќе го измени Законот за работни односи со цел да го намали работното време во земјата. Како што јавуваат тамошните медиуми има две опции, да се воведе четиридневна работна недела или седумчасовен работен ден, пренесува Ројтерс.
Четиридневната работна недела има многу поддржувачи и, според истражувањето на платформата ClickMeeting, ја поддржуваат 70 отсто од работодавците.
„Истражувањата покажуваат дека колку подолго работиме, толку повеќе сме под стрес и уморни. Уште еден час поминат на работа не мора да значи уште еден час на ефикасност“, рече полската министерка за семејство, труд и социјална политика Агњешка Џиeмијанович-Бок, која е една од главните поддржувачи на оваа промена.