МВР инормира за несовесен возач, кој прегазил дете на велосипед и побегнал.
-На 26.08.2024 во 15.35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување” во Кичево, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.