На Граничниот премин „Деве Баир“ денеска во 10.30 часот на влез во РСМ, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје – потврдија за новинската агенција МИА од МВР.
– При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода, појаснуваат од МВР.
Медиумите објавуваат дека Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април, по седум години во бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во РСМ од Бугарија се предал на македонските власти