За лажните информации и ширењето на дезинформациите зборуваме во денешното издание на емисијата Стадион. Еден од гостите во студиото на Канал 77 е и новинарот Александар Манасиев, кој зборувајќи на оваа тема вели, искуството покажува дека колку поверојатно нешто звучи толку полесно го прифаќаме како вистина.
Манасиев додава дека особено плодно тло за ширење на дезинформациите се земјите каде владе состојба на голема несигурност.
- Дефинитивно, дезинформациите односно лажните вести најплодна почва имаат во време на некаква несигурност. На пример ситуација со пожарите, траеа со денови, со недели и одеднаш почнаа да се шират дезинформации за тоа како се предизвикани тие пожари, па се употребуваа реалнио ситуации во комбинација со нешта кои се случувале во други земји и на тој начин во комбинација се добива лажна вест, конкретно како примерот со користење балони за палење на пожарите, вели Манасиев.
Истакнува дека денес ви се потребни само две три минути за да ја проверите информацијата пред да реагирате и да ја споделите истата, но како што вели луѓето не сакаат ниту тие две минути да ги потрошат на проверка па се доаѓа до ситуација на масовно ширење на лажните вести.
- Таргет групата на измамничките групи се обично луѓе кои имаат ниско ниво на медиумска писменост. Од друга страна во светски рамки опаѓа довербата во националните медиуми и тоа е многу голем проблем. Како што опаѓа довербата во традиционалните медиуми во исто време расне бројот на лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи и се потешко е да се распознаат, особено ако немаш некаква медиумска едукација, посочува Манасиев.
Александар Манасиев гостин во најновото издание на Стадион на Канал 77. Зборуваме за дезинформациите и лажните вести.
Следете не на линкот подолу: