МВР информира дека вчера во 13:45 часот во Полициската станица Аеродром, С.П.(42) од Скопје пријавила дека на 21.08.2024 од неколку профили на социјални мрежи добила пораки со заканувачка содржина, а биле објавувани и нејзини фотографии од нејзиниот Фејсбук профил.
Известена е Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.