МВР во денешниот билтен информира дека на 21.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Д.(23) од Скопје пријавил дека околу 20.20 часот на подрачјето на Драчево, тој, И.А.(53), Л.Т.(56), двајцата од Скопје и С.А.(23) од Битола, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, биле физички нападнати.
Нападот,според пријавеното, бил извршен од С.П.(40) и малолетник, двајцата од с.Волково, Скопско и Г.С.(48) од с.Радишани, Скопско, кои употребиле и тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.