Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
-Тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште. Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери. Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, информираат од ЈОРМ