Православната црква и верниците во понеделник го слават Преображение Господово, а овој празник е посветен на Исус Христос кој се претвори во сончева светлина на планината Тавор. Овој празник е можност да се промените, да започнете одново и да заборавите на старите обрасци за кои знаете дека повеќе не ви служат.
Денес, недела, пред празникот, обичај е жените да врзат црвен или бел конец околу рацете и да посакаат желба. Ако конецот не се скине во текот на денот, желбата ќе се оствари.
Според народното верување, на овој ден не се работи, а не треба да бидете мрзливи и да спиете преку ден, бидејќи кој тогаш ќе дремне, ќе се трансформира и ќе биде поспан цела година.
Не е добро некој да плаче, бидејќи ќе плаче цела година, а не е добро луѓето да поминуваат цел ден во кафеана – да не им стане навика и да не станат расипници.
Но, она што мора да направите е да пробате грозје за прв пат. На овој ден е строг пост.
Се верува дека ако времето е добро на овој ден, следната година нема да има добра жетва, пишува сд.рс.