Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон преку видео на Инстаграм им честитаа на британските спортисти за успехот на Олимписките игри во Париз. Но, најголемите обожаватели на кралското семејство не можеа да пропуштат еден интересен и изненадувачки детал. Имено, на споменатото видео, принцезата од Велс не го носи својот венчален прстен од дијамант и сафир, кој некогаш и припаѓал на покојната принцеза Дијана. Наместо тоа, тaa има едноставен, таканаречен „прстен на вечноста“.
Британските медиуми шпекулираат дека Кејт добила нов прстен од Вилијам по повод нивната неодамнешна 13-годишнина од бракот, а докторот за истите медиуми објаснил дека причината за замена на прстенот би можело да биде третман против дијагнозата со која се бори – рак. – Хемотерапијата може да промовира задржување на течности во рацете, поради што многу пациенти мораат да ги вадат прстените за време на лекувањето на ракот – објасни онкологот Дажи Лиу за магазинот Хело. Тој додаде дека третманите за рак може да предизвикаат чувствителност и иритација на кожата, што може да го направи непријатно носењето прстени.
Она со што Вилијам привлече внимание во видеото со кое им честиташе на олимпијците е неговиот нов имиџ, односно таканаречената три дena брада, а многумина се согласија дека му изгледа одлично. Да потсетиме, во споменатото видео во кое се појавуваат Кејт и Вилијам, им се придружија раперот Снуп Дог и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам. Најголемо изненадување, освен што на Кејт Мидлтон и беше лошо во видеото, беше принцот Вилијам и неговиот нов изглед. Имено, принцот решил да пушти брада, а многумина, како што веќе споменавме, коментираа дека му стои одличнo, пренесува вечерњи.хр.