– ММС
Вести Култура

Изложба на астрофотографии за јубилејните 20 години на Скопско астрономско друштво

За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво утре во Домот на АРМ, во 20 часот, ќе ја отвори изложбата на астрофотографии „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“.

Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе трае до 16 декември, а влезот е слободен.

Скопското астрономско друштво е важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно на астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади одржа бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.

Лограње

X

Регистрација