Згодната Моника Белучи на Инстаграм сподели фотографија со своето ново момче, 65-годишниот режисер Тим Бартон од промоцијата на нивниот нов филм, „Beetlejuice Beetlejuice“.
Филмот е снимен од Бартон, а премиерата се случи во Мексико. Моника на свеченоста се појави во црн долг фустан со ракави, носеше мини чантичка, a косата и беше пуштена.
Режисерот Бартон беше облечен во црн костум со црна кошула, а носеше и очила.
На фотографијата се и другите актери од филмот – Џена Ортега, Џастин Теру и Мајкл Китон.
Фотографијата од промоцијата може да ја погледнете на овој Линк.