Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира за МИА директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи.
Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата. Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската мрежа меѓу другото било извадено и пцовисано јагне.
– И во овие летни месеци кога туристите и посетителите во Струга уживаат во убавините на езерото, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ секојдновно се борат да го стават системот за одведување на фекални води во функционален, истакна Насуфи.
При вршење на работните задачи, тимовите на струшки „Водовод и канализација“, според директорот на претпријатието, секојдневно чистеле влажни марамчиња.
– Нашите тимови секојдневно се борат со чистење огромните количини марамчиња наталожени на канализациските цевки, шахти и пумпни станици. Апелираме до граѓаните и туристите, искористените влажни марамчиња да ги одложуваат во кантите за отпад, наместо во санитариите, изјави Насуфи.
Тој посочи дека несоработката и непридржувањето кон домаќинските практики може да доведе до колапс на системот и домовите да бидат поплавени од фекалии.