Поранешниот аргентински претседател Алберто Фернандез е обвинет за напад и нанесување тешка повреда на неговата поранешна партнерка Фабиола Јанез, пренесоа светските агенции.
Минатата недела Јанез, која има 43 години, поднесе жалба против Фернандез, кој има 65 години. Тие живееја заедно десет години.
По поднесувањето на жалбата, поранешниот претседател не можел да ја напушти земјата.
Фернандез беше на чело на Аргентина од 2019 до 2023 година. Фабиола Јанез моментално живее во Шпанија.
Во вторникот, поранешната прва дама на Аргентина беше сослушана по нејзината жалба од судија во Буенос Аирес. Во писменото сведочење пред ова рочиште таа вели дека била подложена на малтретирање, на потсмев, на агресија, на удари, на понижувања кои биле постојани. Таа беше и жртва на вербално малтретирање речиси секојдневно.
¡Están saliendo a la luz todas las pruebas de la violencia de Alberto Fernández con Fabiola Yáñez!
Así que… abro hilo 👇 pic.twitter.com/BXYY74LQ1l
— Juanito Say (@JuanitoSay) August 9, 2024
Алберто Фернандез ги негира овие наводи и ветува дека ќе приложи докази за да ја докаже неговата невиност. Тој вели дека никогаш во животот не удрил жена.
Откритијата ја скандализираа аргентинската јавност. Ултралибералниот претседател Хавиер Милеи го критикуваше „прогресивното лицемерие на перонистите“ и рече дека Фернандез, кој се претставуваше како бранител на феминизмот, ја удрил својата поранешна сопруга, пренесува МИА.
En las conversaciones de Whatsapp se puede leer a Fabiola diciendo:
"Esto no funciona así todo el tiempo me golpeas. Es insólito. No puede dejar que me hagas esto cuando yo no te hice nada. Y todo lo que trato de hacer con la mente centrada es defenderte y vos me golpeas… pic.twitter.com/UtJBNxcNfn
— Juanito Say (@JuanitoSay) August 9, 2024
Аргентинскиот весник „Инфобае“ објави фотографии на кои Фабиола Јанез е со црно око и модринки на раката. Според локалните медиуми, семејното насилство и напади започнале уште во август 2021 година. Јанез, која е новинарка и актерка, го документирала злоставувањето и му ги испратила фотографиите на Фернандез.
Alberto, incluso, intentaba pasar por victima.
Ella le decía “venís golpeándome hace 3 días seguidos”, y el responde “me cuesta respirar. Por favor pará. Me siento muy mal”.
O sea, el le pegaba, y el sufría. Insólito. Psicópata de manual. pic.twitter.com/In9F9CiNXT
— Juanito Say (@JuanitoSay) August 9, 2024
-Не можеме вака да функционираме, постојано ме удираш, не можам да дозволам да ми го правиш тоа кога ништо не сум ти направила. Без изговори. Ме тепаш три дена по ред – напишала таа.
Фернандез и рекол да престане да пишува така.